Оваа специјално направена вила на Флорида со елементи во француски стил долго време беше во сопственост на познатата телевизиска ѕвезда Хулк Хоган.
Професионалниот борач во 2006-та година сакаше да го продаде својот имот на Флорида за 25 милиони долари, меѓутоа во 2009-та година ја повлече од пазарот за да би ја огласил подоцна повторно и тоа по драстично намалена цена од 13,9 милиони долари.
Три години подоцна, имотот е продаден за само 6,2 милиони долари. Сепак, и покрај проблемите со продажбата, неспорно е да се признае дека луксузниот дом кој нуди фантастичен поглед кон Мексиканскиот залив, изгледа неверојатно луксузно и прекрасно.