25 различни начини да носите шал! (видео)

Шал – толку едноставно парче од гардеробата… Но ете, некој смислил 25 различни начини на носење. Венди, во своето 5-минутно видео наречено Wendy’s Lookbook, ви ги претставува сите методи на завиткување, превиткување и врзување, повеќето од нив погодни и за машката и за женската популација. Дополнително, во видеото е опфатено се што може да се носи на вратот, од квадратни свилени марами па до долги волнени шалови.

Трк до плакарот и вежбајте!

- Реклама -