Има деликатен потфат со четката и „око за бои“ што би можел да се кандидира за Пикасо во животинскиот свет.
Уште повеќе импресивно е тоа што овој импресионистички сликар е всушност… слон.
Нопакхао, познат како Петер, има направено десетици уметнички дела во текот на годините, кои достигнуваат вредност и до 700 долари.
Нопакхао- што значи „деветте бои на драгите камења„- започнал со сликање пред осум години како дел од проектот Asian Elephant Art & Conservation Project (AEACP) во провинцијата Ayutthaya, речиси 50 милји северно од Бангкок.
Според веб-сајтот на организацијата, 11-годишниот слон има одлично чиство за уметност и контрола над четката со која слика пејсажи и цветни дизајни.
Повеќето од неговите слики се насликани на хартија од рециклиран измет од слон.
Организацијата AEACP вели: „Ние се стремиме да им пружиме на слоновите што е можно посреќен, здрав и богат живот. Парите собрани од страна на AEACP ќе бидат искористени да се обезбеди подобра храна за заробените слонови, подобро сместување и соодветна ветеринарна заштита.“
Во минатото, слоновите што сликаат довеле до обвинувања дека животните многу строго се третираат во напорите да ги обучат, но AEACP вели дека „не толерираат било каква злоупотреба на слоновите додека сликаат или во секојдневната интеракција.“