Уникатниот природен феномен наречен „пештери од лава“

Од земните длабочини до небесните височини, природата може да ни понуди толку многу чуда. Едно од нив, кое вреди да се види, се пештерите од лава. Тие претставуваат природни цевководи, по кои се движат потоците од топла течност за време на ерупција. Кога вулканот ќе се смири и лавата ќе се  излади, се формираат долги  пештерски канали. Тие се јавуваат кога лавата е со низок вискозитет и создава постојано тврда кора, која надебелува и го образува таванот на пештерата.

Таквите пештери обични се тесни и на длабочина од 1 до 15 метри под површината на вулканот. Тие можат да достигнат до 15 метри ширина, но се случува и да ги надминуваат. Нивната должина е исто така значајна. Лавовата пештера Куева  на островот Тенерифе,  на пример е долга повеќе од 18 километри и вклучува бројни испреплетени лавиринти во горните зони на системот.

Погледнете како изгледаат некои од најубавите пештери од лава во светот.

Пештера Маненгул, остров Чеџу, Јужна Кореја

Пештера Ундара, Австралија

Пештера Валентајн, Лава Бедс, Калифорнија

Пештера Терстен, Хаваи

Сталактити „Акулови заби” во лавова пештера на Хаваите

Пештера Куева дел Биен, остров Тенерифе

 

- Реклама -