Кафето е гага, а времето пари

Интересна уметничка интерпретација за секојдневието и времето илустрираше  новото кафуле кое се отвори во Лондон, каде се е бесплатно освен времето, а минутата чини три пени.

Се работи за рускиот ланец Ziferblat кој го доби првиот објект во Британија, чие што име  е комбинација од руски и германски и значи броење  на часови.

article-2536221-1a81e16600000578-933634x422
Идејата на кафулето е гостите да земат будилник од ормарот кога ќе влезат и да наместат време, а аларм да се вклучи по истекот на времето. Не постои минимум време кои гостите можат да го поминат внатре. Тие можат да пијат кафе и разни пијалоци, има бисквити, овошје, зеленчук, интернет, а можат и сами да си припремат кафе или храна во кујната. Тие дури можат и да отсвират нешто на пијаното, а еден час ќе ве чини вкупно 80 пени.

Сопственикот Иван Митин отворил 10 кафулиња во Русија во изминатите две години и сега сака да ја рашири идејата низ светот.

getlstd-property-photo

-Луѓето во Лондон многу поспремни ја прифатија идејата и веднаш ја сфатија, вели Иван Митин, сопственик на кафулето и додава дека гостите можат да се опуштат сосема, па и да измијат садови ако сакаат.

- Реклама -