Природни огромни дупки голтаат куќи во Бразил (видео)

Жителите на Абаететуба на север на Бразил минатата недела беа сведоци на голема катастрофа, односно домовите им исчезнуваа пред очи.

Поради ерозија на дното, како последица на обилните дождови и поплави, во државата започнаа да се создаваат големи дупки, кои голтаат се пред себе.

Неколку моменти пред несреќата на околните куќи и столбови започнале да пукаат електричните водови, што било предупредување за жителите и им го спасило животот. Речиси неверојатно но за среќа при уривањето на тлото, никој не загинал.

Повеќе од 300 лица во градот кој што има 78.000 жители, се раселени поради одроните.

Според зборовите на експертите за заштита на животната средина, изградбата на домовите во близина на река и некотролираното ширење на населбата се причините за овој проблем. Властите дури и предупредија дека доколку нивото на реката продолжи да се зголемува, жителите можат да очекуваат поголема штета.

[youtube]http://youtu.be/z7hbcJfgc9A[/youtube]

 

- Реклама -