Има филмови кои едноставно не сакате да ги видите. Римејкот на Total Recall пропадна. Новиот Robocop не изгледа добро и сме сигурни дека е прашање на време кога ќе видиме ужасен римејк и на „Враќање во иднината” (Back to the Future). Имајќи предвид дека „Враќање во иднината” е еден супер филм, дефинитивно би претрпел при промена на успешната формула.
Голема прашина кренаа неодамна објавените намери на големата гем компанија, која со години тврди дека нема да дозволат филмска адаптација на играта и покрај бројните понуди и големите суми. Петте зборови од кои ни се ежат влакната на косата се: Grand Theft Auto: The Movie.
Зошто не сакаме филм за GTA?
Rockstar обично добиваат пофалби за успешноста и заработувачката на е најновата GTA. Take-Two сепак се оние кои се занимаваат со дистрибуција. Тие решаваат и дали ќе видиме филмска адаптација на популарниот наслов – нешто за што фановите шпекулираа со години. Можноста за трансформирање на најпопуларната игра во филм е за плачење. Се согласувате ли?