Nvidia промовираше процесор со рекордни 192 јадра

Nvidia имаше своја презентација на CES 2014 во Лас Вегас каде го претстави најновиот мобилен чипсет кој ќе има неверојатна моќ обезбедена од рекордните 192 графички јадра.

Се работи за најновиот чипсет Tegra K1 кој работи на графичката Kepler технологија комбинирана со четири-јадрен CPU Cortex A15 и едно CPU Cortex A15 јадро кое работи во позадина и по потреба.
Tegra K1 најмногу се фокусира на графичкиот перформанс што ќе донесе гледање на 4К HD видеа на смартфоните, играње на многу напредни мобилни игри и супериорни резултати споредено и со можностите на PlayStation 3 или XBox 360.
Nvidia Tegra K1 е навистина фантастичен чипсет на хартија но, тоа не е проблемот на компанијата, туку пречката е во останатите производители кои ги одбраа Qualcomm и Mediatek за своите мобилни уреди.
Тоа е една и од главните поенти на Nvidia од каде посочија дека Android ќе стане најмасовната гејмерска платформа и токму таму е иднината, па затоа на производителите ќе им треба моќен чипсет како Tegra K1, но слично како и со претходните модели немаме големи очекување дека Samsung, Sony, LG ќе го искористат овој чипсет во наредните премиум модели.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -