Што се случува кога човек ќе падне во црна дупка?

Постојат две главни хипотези за тоа што ќе се случи, кога телото ќе ја премине границата од која нема враќање назад, или точката, зад која гравитацијата на црната дупка е толку силна што дури и светлината не може да избега.

Првата хипотеза го поддржува традиционалната теорија на Алберт Ајнштајн, а втората се јавува како фундаментално нов пристап кој го задржува интегритетот на теоријата на квантната механика, пишува NPR.org.

Поддржувачите на традиционалниот став, сметаат дека кога телото ќе помине фаталната граница, настапува процес наречен ” спагетификејшн ” (spaghettification), при кој гравитацијата се чувствува повеќе во нозете отколку во главата и човекот ќе се истегне како шпагети, пред да биде уништен.

Главниот проблем со ова објаснување е дека црните дупки ( black holes ) испаруваат – или губат маса со текот на времето, што значи дека тие на крајот исчезнуваат. Но информациите не можат да исчезнат од универзумот, согласно со основните закони на физиката, па затоа теоретски гледано вселенските археолози ќе можат да најдат “спагетизирани” остатоци од човекот задржани во внатрешноста на црната дупка.

И тука доаѓа и втората хипотеза. Пристапот кај неа е многу порадикален и отстапува од физиката на Ајнштајн. Според нејзините поддржувачи, во внатрешноста на црната дупка нема простор. Секое нешто, вклучитално и човечкото тело, се распаѓа целосно и неповратно во бура од квантни честички.
Ова објаснување ги задржува основните закони на физиката и гарантира дека целата материја и информации во универзумот постојано се одржуваат. Сепак малкумина истражувачи се согласуваат со теоријата дека во внатрешноста на црната дупка нема простор.

До ден денешен не постојат убедливи аргументи за тоа дека црните дупки немаат утроба. Ова ја прави дебатата уште важна и потешка. Истражувачите тврдат дека црните дупки ја растргнуваат рамката простор-време и никој не е во состојба да докаже спротивното.
Многу астрофизици сметаат дека токму во таа насока ќе се движи и идната дебата за црните дупки. Со напредокот на технологијата научниците несомнено ќе добијат нови алатки за истражување на овие мистериозни вселенски структури.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -