Постои некоја необјаснива магија во комбинирањето на шведскиот декор со празничната новогодишна атмосфера.
Eдноставно, се чини дека на шармот на црвените свеќи, гранчињата од елки, рачно направените украси, и прекрасната музика е тешко да се одолее, па дури и оние кои воопшто не се љубители на овој период од годината, ги зафаќа некаква еуфорија од внимателно подготвениот ентериер.
Ви прикажуваме еден мошне едноставно декориран дом во Шведска, чија скромност е неверојатно шармантна. Одлично искомбинираните бои на украсите, го оживуваат празничниот дух на целата куќа.