Види мајката, значи така се лечела СИДА-та?!

Џејкоб Зума е претседател на Јужна Африка и претседател на актуелната владејачка партија – Африкански Национален Конгрес. Во декември 2005-тата, во време кога бил на чело на Националниот совет за СИДА, тој бил обвинет за силување на ќерката на неговиот починат пријател и политички соборник. Инаку, таа била позната како посветена активистка против СИДА-та, а згора на тоа, и самата била носител на ХИВ вирусот.

Зума се бранел дека сексот се случил со обострана согласност, а по извесни перипетии, во мај, 2006-тата, судот го потврдил неговото тврдење и го ослободил од сите обвиненија. Од друга страна, наводната жртва и подносител на обвиненијата била обвинета за лажење на судот.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

South African President Zuma gestures before making a speech during Mandela's national memorial service in Johannesburg
Можеби од помала важност, но вредно да се издвои од целава работа е следново: Зума отворено признал дека при сексуалниот однос не користел кондом, иако знаел дека девојката е носител на ХИВ. На реакциите на секој жив што го слушнал тоа, Зума само мирно одговорил дека веднаш потоа се истуширал, за да го избегне ризикот од зараза.

Oсудувања пристигнувале од сите страни – од судијата, од здравствените експерти, од активистите и од целата јавност. Во одредени кругови, изјавата на Зума е актуелна мета за потсмев и до денешен ден.

- Реклама -