Верувале или не, мажите воопшто не се комплицирани и ги задоволува се што не е претерано и чудно.
Нормално, не смеете да дозволите да ви диктира како да се однесувате во креветот, но, мажите воопшто не се толку комплицирани.
Прочитајте што велат тие:
„ Сакаме да ни зборувате безобразни работи“
Мажите не сакаат да зборувате постојано за време на сексот, но неколку зборови кои ќе го воодушеват се сосема доволни да направат чуда. Бидете фантазери, и кажете му што би сакале да ви прави.
„ Сакаме понекогаш да превземете контрола“
Само неколку работи во животот се подобри од девојка која знае што сака и превзема иницијатива во креветот. Тоа не значи дека треба од глава до пети да се облечете во кожа и да доминирате, туку со неколку движења да го излудите.
„ Сакаме да ни ја покажете омилената поза“
Доколку постои поза која би сакале да ја испробате, не одолговлекувајте! Безразлика дали истата е креативна или подразбира секс на некое невообичаено место, мажите ќе бидат воодушевени од вашите очекувања.
„ Сакаме да не изненадите“
Признаваме, голем дел од мажите би се исплашиле доколку во текот на сексот ги извадите своите секс играчки. Сепак, воведувањето на некои нови работи во предиграта може уште повеќе да ја зголеми страста. Тоа не мора да подразбира било какви предмети. Можете да го изненадите така што ќе се појавите на неговата врата и ќе тргнете во акција. Нема да знае што му се случува и долго ќе го памети подарокот.
„ Сакаме да ве гледаме“
Визуелната стимулација е нешто што е најважно за мажите. Избирајте пози во кои неговиот поглед ќе биде подобар од оној на врвот на Ајфеловата кула. Уште подобро, поставете огледало за време на водењето љубов и уживајте во погледите.