Безбедниот секс може да биде забавен

Иако сексот со кондом го бие лош глас, тој навистина може да биде забавен. Останатите фактори, како што се задоволувањето на потребите на партнерот, може да влијаат на задоволството при сексуалниот однос со кондом.

Новите истражувања покажуваат дека иако сигурниот секс е прифатлива опција меѓу младите, сепак лошото мислење за кондомите е широко распространето.

Истражувањето спроведено на репрезентативно тело од 1.800 слободни мажи и жени покажало дека околу 70 отсто девојки и 40 отсто момци сакаат да ја избегнат бременоста, но имаат големи непознавања за тоа како да се заштитат од неа. Дури 40 отсто од анкетираните сметале дека користењето некаков вид на контрацепција нема преголема врска со спречувањето на несаканата бременост.

За време на истражувањето мажите воделе дневник за сексуалните активности. Поголемиот дел од постарите запишале дека користат кондоми и дека сексот со нив бил навистина добар.

- Реклама -