Модните плусеви и минуси кај познатите дами обично при крајот на годината се собираат и одземаат, за на престолот да застанат најдобро облечените и оние кои низ целата година со својот стил најчесто заслужиле стилски десетки.
Листата за 2013-та година ја потпишуваат добро познати лица кои ги следат модните трендови и стилови, и чии дневните креации не инспирирале, а оние гламурозните ја разбудиле нашата фантазија.
Се сеќаваме на најубавите креации на црвениот тепих, беспрекорните фризури и заносна шминка, разиграни дневни дуети, елегантни вечерни фустани кои ги носеле сопственичките за пофалба на модниот стил.
Листата за најдобро облечени дами во 2013-та година е составена од лица кои знаат да ја земат модата во свои раце и секогаш се спремни да ги поместат границите на модната игра.