Сепер идеи за семејни празнични игри

Зошто секоја година со семејството да ги гледате истите божиќни филмови, кога можете одлично да се забавувате и со помош на неколку семејни празнични игри.

 Рудолф се изгубил

Игра за најмалите. Користете слика на елен – Рудолф (или друг Божиќен лик) и ја исече го на  парчиња. Сокријте ги деловите на  различни места низ домот, а целта на децата е да ги најдат парчињата со помош на „топло“ и „ладно“. Дури кога децата ќе ги соберат и соединат сите парчиња, тогаш Дедо Мраз ќе може да ги  подари подароците со верниот помошник Рудолф.

741353017525drinkingame

Најди го подарокот

Претходно спакувајте  подарок ( божиќна играчка, бонбони или ракавици) во неколку различни по големина кутии кои влегуваат една во друга. Првиот учесник ( по случаен избор) започнува со одвиткување на  подарокот, а секоја кутија која е внатре во претходната,  оди кај следниот учесник во играта. И така додека некој не го одвитка вистинскиот дар кој останува за него. A, за да биде поинтересно, може да се отпакуваат подароците без раце, а може и со вклучена  стоперица ( секој има по пет секунди).

56295381

Блон

Секој учесник во играта има надуван  балон и го врзува за глуждот. Целта е да го пукне со нога.  Тој што ќе успее прв е победник и добива подарок.

TOSHIBA Exif JPEG

Жонглирање со балон

Дозволено е да го одржувате балонот на вас со сите делови од телото, само да внимавате да не ви падне на земја. Можете да направите и големо финале.

balloon-boss-balloon-toss-balloon-ball-balloon-bounce-party-games-games-for-kids-balloon-games16

Божиќна „брза географија“

Секој учесник има пред себе лист поделен во колони – божиќна храна, Божиќни симболи, Божиќни песни, божиќни филмови, божиќна декорација од … и што било друго што ви паѓа  на ум. Во рамките на минута или повеќе секој треба да го потполни листот, а поотоа секој чита на  што се е сетил. Победува оној со најмногу поени. Може да се игра и во тимови.

christmas party

Лотарија

За крај на вечерта подгответе една убава лотарија. Секој да добие подарок. 365 ви посакува пријатна забава.

 

- Реклама -