Премиерaта на Diablo III: Reaper of Souls ќе се одржи кон крајот на Март

Blizzard најавија дека следната експанзија за Diablo III: Reaper of Souls за корисниците на PC ќе пристигне на 25 Март. Информацијата дојде од официјалниот сајт, каде може и да направите прелиминарна нарачка на пакетот – како на стандардното издание, така и на луксузната верзија.

Освен тоа што ќе треба да имате Diablo III (Reaper of Souls нема да биде самостоен пакет), ќе ви треба и Интернет конекција, профил на Battle.net и $39,99 за стандардното издание или $59,99 за луксузниот пакет на експанзијата.

Луксузното издание на Reaper of Souls – Digital Deluxe – ќе ви даде можност за додавање на три нови херои кон вашиот акаунт (character slots), како и пристап до Spectral Hound Minion & Aesthetic Artifacts, Treasure Goblin Pet за World of Warcraft и Crusader Portraits & Decals за StarCraft II.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -