Светот на професионалните боксери е суров и брутален. Победниците се слават како херои, додека оние кои изгубиле остануваат со физички и психички рани. Хауард Шац е офталмолог кој главниот фокус го става на физиономијата на окото, таргетирајќи ги оние после бокс мечевите. Пред извесно време, Хауард реши да ја соедини љубовта кон офталмологијата и фотографијата, што резултираше со издавање на книгата „At the Fights: Inside the World of Professional Boxing“. Во неа, освен бројните собрани интервјуа со разни боксери, нивните семејства, пријатели и менаџери, може да се најде колекција од фотографии снимени пред и по влегувањето во рингот. Еве некои од нив: