Балканската старлета што му ја местеа на Нејмар, ја бараат во случај со убиство

Црногорската полиција распишала локална потерница по старлетата Сораја Вучелиќ поради сомневање дека прикрива докази околу убиството на Армин Муше Османагиќ.„Точно е дека ја бараме бидејќи веќе одамна не е достапна. Сакаме да и поставиме неколку прашања кои сметаме дека се важни за истрагата. Нејзината изјава дадена во Белград има многу „дупки“, па затоа повторно сакаме да ја распрашаме за сè“, изјавуваат од полицијата.

soraja211

На денот кога Османагиќ бил убиен со куршум од снајпер, старлетата заедно со уште две пријателки седела во ресторанот „Савоја“ што е во сопственост на убиениот. Според изјавата на Сораја,таа требала од Османагиќ дента да преземеме Maserati автомобил за снимање на спот во Црна Гора.

Според медиумите,  Сораја дала лажна изјава во полицијата и избегнувала понатамошна соработка со нив.

Прочитај повеќе: „Балканската Кардашијанка ја измисли веста за Нејмар“

- Реклама -