Лековити билки кои ги штитат и лекуваат женските репродуктивни органи

Многу гинеколошки проблеми дури и не би се појавиле или би биле полесно да се излечат ако користите само три лековити билки, кои се распространети низ нашите краишта.

Вркута, попозната како бисерок и моминска наметка

2013-12-20 15_43_17-Almindelig Løvefod - Wikipedia, den frie encyklopædi

Експертите за лековити билки многу ја ценат вркутата (Alchemilla vulgaris) поради лековитото, анти-воспалителни ефекти на женските репродуктивни органи. Ако ве мачи постојано лачење на секрет и имате болни, нередовни менструации, пијте чај од оваа билка. Најчесто го пијат жени во менопауза, но помага и кај младите жени, вклучувајќи ги и оние во пубертетот. Освен за гинеколошки проблеми, вркута се користи и во форма на облози за лечење на рани, а делува и како чај за слабеење.

Сепак, некои билкари предупредуваат дека личности кои се чуствителни на жолчката, желудникот или црниот дроб не би требале да пијат од овој чај затоа што содржи многу танини. Може да доведе до претерано тврда столица, па затоа не претерувајте со негова конзумација.

Овчарска торбичка

2013-12-20 15_44_15-Овчарска торбичка — Уикипедия

Таа е најдобро познато средство за да се запре крварење, вклучувајќи го и она во тек на мокрењето, но и кој премногу обилна менструација. Поточно, активната состојка во драгоцената билка ги стеснува крвните садови. Овчарската торбичка (Capsella bursa pastoris) делува добро и на мускулите на матката и дебелото црево, па така ги олеснува болките при породувањето. Исто така се користи и како средство за регулирање на крвниот притисок (висок и низок). Најчесто се користи во комбинација со други билки. Во комбинација со вркут одлично ги ублажува гинеколошките проблеми. Во Кина, Јапонија и Кореја е дел од многубројни локални специјалитети.

Равнец

Ова растение се користи речиси за сите болести. Не постојат болки за кои не би се препорачало Achillea millefolium, односно равнец.

2013-12-20 15_44_25-Крываўнік — Вікіпедыя

Во комбинација со камилица, жалфија и коприва се користи против белиот исцедок кај жените. Со млак чај од мешавината исплакнете ја интимата. Мешавината или мешавината од равнец, и двете наведени билки можете да ги пиете како анти-воспалително средство за смирување на гинеколошките проблеми. Чајот пијте го млак и полека.

- Реклама -