Урнебесна смеа ќе се случува вечерва во Експо Центарот и тоа тртадиционално, четврта година по ред.
За волја на вистината и љубовта кон добриот хумор, сите очекуваа настанот брзо да биде распродаден, па тоа и се случи. Ако мислевте дека ќе можете да си купите карта на врата, следната година побрзајте.
За потсетување, публиката ќе ужива гледајќи го домаќинот Жарко Димитриоски, Игор Џамбазов, Бубо Каров, Марјан Ѓорѓиевски и странските гости Неша Бриџис, Срѓан Динчиќ и Александар Перишиќ.