Како да го зачувате отвореното вино од расипување?

За некои е непознат концепт, но што кога нема да го допиете виното?

Постојат разни вино-стопери и производи што ќе го продолжат рокот на траење на отвореното вино. Од друга страна, Reddit корисникот Axel1927 предлага многу поефтина варијанта.

WineGoneBad[1]

„Искрено, најдобро решение е да не ви остане вино. Причината за тоа што виното се расипува е контактот со воздух, па еве што е мојата препорака: Пресипете го остатокот од виното во помало шише/сад – ако виното завзема најголем дел од волуменот на садот, ќе има помалку простор за воздух. Теглите со херметички капак се одлично решение. Погрижете се капакот да е херметички добро затворен. Чувајте го виното на температура пониска од 21 Целзиусови.

Веројатно нема да сакате да го чувате премногу долго, но ако не сте премногу пребирливи, можете да го испиете за ден-два, без да има многу значајна разлика. Ако не сакате да потрошите дополнителни пари, ова е добар начин за остатокот од вашето вино да не заврши во отпад“.

- Реклама -