Семејството не мора да биде во крвно сротство. Постојат луѓе кои ценат што сте покрај нив- оние кои вас ве поттикнуваат да го подобрите своето здравје, оние кои ве прифаќаат онаков каков што сте и оние кои ве охрабруваат да станете она што сакате. Тие луѓе се вашето вистинско семејство, она кое е важно. Подолу следи 20 совети кои ќе ви помогнат да ги пронајдете и зацврснете такви посебни врски.
1. Ослободете се од негативните луѓе
Поминувајте време со луѓе кои се паметни, кои ве потикнуваат и мислат слично. Врските би требало на вас да ви помогнат, не да одмогнат. Опкружете се со луѓе кои рефлектираат на личноста која сакате да бидете. Изберете пријатели на кои сте горди, луѓе на кои се воодушевувате и кои вас ве сакаат и почитуваат. Кога ќе се ослободите од негативните луѓе, ќе бидете слободни да бидете она што навистина сте, а тоа е единствениот начин навистина да живеете.
2. Пуштете ги оние кои веќе си заминале
Тажна е вистината дека постојат луѓе кои ќе бидат со вас додека од тоа имаат корист. Кога веќе нема да им бидете потребни, ќе си заминат. Добрата вест е што ќе се ослободите од таквите луѓе и покрај вас ќе останат само оние кои го заслужуваат тоа. Затоа, кога луѓето си одат од вас- пуштете ги. Вашата судбина не зависи од тоа кој заминува. Тоа не значи дека се лоши личности, само дека вашата заедничка приказна завршила.
3. Оние кои не ги познавате дајте им шанса
Запамтете, секој човек има своја приказна. Секој поминал низ нешто што го променило. Ако на тие луѓе им дадете шанса, ќе видите дека секој има нешто посебно да понуди. Затоа ценете ги можностите на новите врски додека старите повеќе не функционираат. Верувајте во својата пресуда. Прегрнете нови врски знаејќи дека влегувате во непозната територија. Бидете спремни да учите, подготвени за предизвиците и подготвени да запознаете некој кој ќе го промени вашиот живот.
4. Покажете љубезност и почитување
Покажете дури и на оние кои се груби кон вас, не затоа што тие се љубезни, туку дека вие сте. Однесувајте се спрема сите подеднакво љубезно и пријателски.
5. Прифатете ги луѓето онакви какви што се
Во повеќето случаи, и онака е невозможно да ги промените и непристојно е да се обидувате. Затоа поштедете се од непотребен стрес. наместо да се обидувате да ги промените другите, дајте им поддршка и бидете за пример.
6. Охрабрувајте ги другите и навивајте за нив
Бидете благодарни за тоа што луѓето од кои сте опкружени ве носат на неверојатни места- продуктивни, исполнети, мирни. Затоа бидете среќни за оние поради кои напредувате. Навивајте за нивните победи и успеси. Бидете благодарни за нивните благослови, искрено. Се се враќа, па така и тие наскоро ќе почнат да навиваат за вас.
7. Бидете свои со своите несовршености
Во свет каде сите очекуваат да бидете како нив, останете доволно „луд“ и задржете го правото да бидете свои. И кога на вас се смеат затоа што сте различни, вие смеете се на нив дека се исти. Поминувајте повеќе време со оние кои вас ве смеат, а помалку со оние кои се обидувате да ги импресионирате. Останете свои и покрај своите несовршености.
8. Простете на другите и продолжете понатаму
Не живејте со омраза во срцето. Така ќе си нанесете повеќе штете на себеси отколку на оние кои ги мразите. Со простувањето на нив не им давате до знаење дека тоа што го направиле не е во ред, туку нема да им дозволите тоа што го направиле засекогаш да влијае на вашата среќа. Простувањеро е лек. Запамтете, што помалку време ќе поминете мразејќи други, ќе имате повеќе време да ги сакате луѓето кои ве сакаат.
9. Направете мали нешта за другите секој ден
Понекогаш малите работи завземаат најголем дел од вашите срца. Не можете да бидете се за секого, но на неколку луѓе можете. Одлучете кои се тие луѓе во вашиот живот и спрема нив однесувајте се како дел од семејството.
10. Внимавајте кои ви се вистински пријатели
Додека растеме, сфаќаме дека помалку е важно да се има многу пријатели, а повеќе е важно да се имаат оние вистинските. Животот е како забава, на крајот кога ќе остане хаосот, можат да ви помогнат само ретките. Тие ви се вистинските пријатели, оние битните.
11. Секогаш бидете лојални
Вистинската љубов и пријателство не значи дека мора да бидете незадоволни. Поентата е во тоа да бидете лојални едни на други и кога сте разделени. Лојалноста е сè.
12. Одржувајте контакт со луѓето кои се грижат за вас
Во меѓучовечките односи, растојанието не се мери во километри, туку во приврзаноста. Двајца луѓе можат да седат еден до друг, а да бидат километри раздалечени. Затоа не игнорирајте ги оние за кои се грижите, затоа што недостатокот на комуникација боли повеќе од грдите зборови. Бидете внимателни спрема луѓето за кои ви се битни и ви се приоритет.
13. Исполувајте ги ветувањата и зборувајте ја вистината
Ако сте кажале дека нешто ќе го направите, направете го тоа. Ако кажете дека нешто чуствувате, мислете го тоа. Никогаш немојте да лажете. Не си играјте со срцата на луѓето, немојте да зборувате половина вистини и да очекувате дека луѓето ќе ви веруваат кога вистината доаѓа на виделина.
14. Дадете го тоа што сакате да го добиете
И не очекувајте она што не сте спремни да го дадете. Обидете се да го практикувате тоа златно правило.
15. Зборете го тоа што го мислите и мислете го тоа што го кажувате
Дајте им на луѓето информации кои им се потребни, не очекувајте дека ќе знаат. Не обидувајте се на другите да им ги читате мислите и тие да ги читаат вашите. Повеќето проблеми започнуваат со лоша комуникација.
16. Дозволете на другите да донесат сами одлука
Не судете им на другите на основа на сопственото минато. Дозволете да научат од своите грешки и донесат сопствени одлуки.
17. Помалку зборувајте и повеќе слушајте
Давањето помалку совети е обично најдобриот совет. На луѓето не им требаат вашите совети, туку им треба некој што ќе ги сослуша и даде позитивна поддршка. Тоа што сакаат да го знаат, веќе е некаде длабоко во нив. Само им треба време да дојдат до крајно решение.
18. Оставете ги сиромашните аргименти
Не мора другите луѓе да бидат во криво за вие да бидете во право. Постојат повеќе начини до тоа кој е во право.
19. Игнорирајте ги неконструктивните и злобни коментари
Никој нема право да ве осудува. Можеби чуле некои приказни, но не знаат низ што сте поминале. Но, секогаш ќе постојат оние кои мислат поинаку. Затоа правете го тоа што вашето срце ви говори дека е исправно.
20. Обрнете внимание со вашата врска со самите себе
Една од најболните работи во животот е да се изгубите самите себе во процесот на преголемата љубов кон некој друг, и да заборавите дека и вие сте посебни. Кога последен пат било кога некој ви кажал дека ве сака онаков каков што сте и дека му е битно што мислите и како се чуствувате? Кога било последнито пат кога некој ви кажал дека добро сте ја завршиле работата или ве изнеле некаде само затоа што знаат дека тоа вас ќе ве расположи? Кога некој тој сте биле вие?