9 работи кои не можете да ги направите ако немате смартфон

Претставете си дека се будите наутро и вашиот паметен телефон го нема. Ама навистина го нема. Сега претставете си тоа да им се случи на сите корисници на паметни телефони.

Сигурно прво што ви падна напамет, беше крај на светот или апокалипса. Да токму и јас тоа си го помислив. Во 21 век ние сме навикани да зависиме од технологиите, највеќе од паметните телеофни, па затоа е нормално да не знаеме што да направиме во дадени ситуации кога ќе го немаме нашиот телефон при рака.

Еве неколку случаи, кои ќе ни покажат дека навистина нема да знаеме што да направите ако немаме со нас паметен телефон.

Пронајдете го патот до дома

Паметните телефони, веќе можеме да ги користиме како карти, компаси и лични системи за  навигација.

 

дома

Ќе имаме претстава затоа како всушност изгледаме

Ако не сте горд сопственик на мало огледало, веќе можеме да видиме како изгледаме на нашите телефони. Дали сте го пробате тоа барем еднаш? :)

селфи

Ќе мора да ги запаметите сите телефонски броеви, а не само вашиот

Ајде пробајте да зазвоните на некој ваш пријател, без претходно да го видите нивниот број на вашиот телефон?

телефон

Ќе треба да проверите какво е времето надвор, на стариот начин

Кога последен пат, излеговте наутро на тераса, за да проверите какво е времето?

9 работи кои не можете да ги направите ако немате смартфон

Ќе пресметате колку треба да оставите бакшиш во ресторанот

Јас сум катастрофа, кога станува збор за пресметување на некаква сума, напамет. А вие?

сума

Да се разбудите

Сигурно некои од вас, сеуште имаат радио-аларм (како што има на пример тетка ми), но милиони корисници на паметни телефони, веќе одамна се будат со пријатните звуци на мелодиите од нивните телефони.

http://www.startrekmovie.com/

Ќе ја пополните тишината во разговорот

На сите ни се има случено, да погледнеме и кликаме на нашиот телефон, кога не знаеме што да кажеме во некој ситуација каде едноставно нема тема за разговор.

тема

Како се пишувате оној збор?

Функцијата Autocorrect е навистина корисна, бидејќи без црвената линија под неправилниот збор, сите ние ќе бевме неписмени со тапија.

Lisa Simpson Writing

Ќе треба да запомните нешто

Ајде пробајте да ги запомните сите ваши состаноци во текот на неделата. Јас искрено морам да казам дека колку повеќе стареам толку позависна станувам од функција за известувања на мојот телефон.

Buster Bluth
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk
- Реклама -