Овие неверојатно анимирани слики се постари повеќе од 150 години, а во тој период секако дека не постоеле Photoshop или Tumblr и Twitter. Уметниците на овие слики всушност се потпреле на оптичките алатки и гаџети од тоа време кои имаат навистина чудни имиња (zoetrope, phenakistoscope, thaumatrope), со цел да им дадат живот-анимација на своите илустрации.
Овие уметници користеле секакви видови на ниско-технолошки трикови за да успеат да го доловат чувството на анимација на сликите во тој период, но и покрај нивната едноставност, овие оптички алатки тогаш можеле да се сметаат за модерен GIF формат.
Еве со кои алатки се послужиле уметниците за сликите да изгледаат анимирано во GIF формат.
* zoetrope е уред кој произведува илузија на движење преку брзо вртење на статични слики.
* phenakistoscope е уред кој припаѓа на добата на раната анимација кој ја користи упорнста на принципот на визијата и видот со цел да создаде илузија на движење.
* thaumatrope е играчка која била популарна во Викторијанското Доба. Диск или карта со слика од обете страни која е прилепена на две парчиња жица.Кога жиците се вртат се појавува уникатна слика како резултат на упорноста на видот и Phi феноменот.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk