За нешто повеќе од 3 седмици, помеѓу 5 и 6 јуни, ќе се случи еден феномен, наречен премин на Венера по сончевиот диск, за последен пат во нашиот животен век.
Претходниот премин на Венера се случи на 8. јуни, 2008 година, но следниот ќе биде дури во декември, 2177 година. Затоа, доколку сакате да го набљудувате овој астрономски феномен, ова ќе биде вашата последна шанса.
Преминот на Венера по сончевиот диск се случува кога орбитата на втората најблиска планета до Сонцето поминува точно помеѓу нашата позиција и позицијата на нашата ѕвезда. Во тие мигови, на површината од Сонцето се забележува Венера, како мала, црна точка која се движи.
Феноменот ќе биде видлив од целата планета, на 5 и 6 јуни, иако оптималните локации за набљудување се Хаваи и Австралија. Доколку сакате да го набљудувате феноменот, треба да ги преземете истите заштитни мерки како при набљудување на делумно или целосно затемнување на сонцето. Директно гледање во сончевиот диск може да предизвика сериозни и најчесто трајни последици за очите.