Очите се огледало на душата, а неодамнешните истражувања покажаа дека дури 70 проценти од мажите најпрво ги забележуваат токму нив кај жената. Во продолжение, ви прикажуваме четири совети со кои ќе ги изразите вашите очи во полн сјај.
Наместо мат, користете светликави сенки
Сјајните сенки ги прават очите да изгледаат посјајно и побудно. Најчесто користени нијанси кои одлично прилегаат на сечии очи се смеѓо-сива и розеникаво-златна.
Користете виткач за трепки
Благодарение на убаво превитканите трепки, вашите очи во истата секунда ќе изгледаат покрупно, а со тоа и поубаво. Затоа, пред да нанесете сенка, не заборавајте да ги превиткате трепките.
Истакнете ги и долните трепки
Со помош на тенка четка, нанесете сенка долж линијата на трепките како би ги истакнале. Препорачлива е мат сенка и тоа во чоколадно-смеѓа нијанса.
Додадете „крилја“
Линијата со туш ви го гарантира секси изгледот кој го посакувавте. Полечете во нагорна линија уште околу 6 милиметри плус од краевите на очните капаци, за успешно да го доловите ефектот на „мачкини очи“.