Ова е најтенкиот кондом во светот

Јапонија го собори рекордот во производство на најтенки презервативи во светот.

Кондомот со дебелина од 0.01 милиметар е производство на компанијата Sagami Original. Иако многумина се сомневаат во нивниот квалитет и сметаат дека тие лесно можат да пукнат. сепак, фирмата соопштила дека не е така, и дека ја тестирале издржливоста на 25.000 презервативи.

73289397252a47dc61633b999187724_orig

Меѓутоа, ова контрацептивно средство се продава исклучиво во Јапонија, а речиси сите примероци биле уште веднаш продадени, штом се појавиле на пазарот. Нивната цена се движи околу 12 долари.

Sagami го помина рекордот на фирмата Okamoto Industries, кои се исто така од Јапонија, чиј производ имаше дебелина од 0.038 милиметри.

sagami

- Реклама -