Иако студенилото надвор од нашите домови не потсетува на она старо и добро познато модно правило кое вели дека: „светлите бои се за сончевите денови, а темните за зимските“, сепак, ние ви советуваме да се спротиставите на ваквите стандарди и да се издвоите од вообичаеното „сивило“.
Имено, покрај секојдневните земјени бои кои најчесто преовладуваат во нашите ормари, ние ви советуваме да си приредите едно мало освежување со повпечатлива боја.
Наш предлог за оваа зима е црвената. Дури и во зимските денови, со оваа боја е тешко да се погреши. Таа одлично одговара со останатите стандардни зимски бои како кафена, црна, бела, тегет па дури и со зелена боја, и изгледа фантастично на сечиј тен и боја на коса.
Без разлика дали станува збор за парче гардероба, чевли, аксесоари или шминка, доколку правилно ја искомбинирате, црвената боја ќе ве прикаже во полн сјај. Еве неколку предлози за како најдобро да го изведете тоа: