Како што минува времето и го зголемувате бројот на годините, чуствувате дека доаѓа време за да се направи наредниот чекор во животот. Но што ако тој нареден чекор за вас не значи стапување во брак. Погледнете кои се најочигледните знаци дека, барем во овој период од животот, не сте подготвени за брак.
1. Среќни, но не заедно до крајот на животот
Уште од мали, кога сте ги гледале бајките сте биле разочарани од крајот. Принцот и принцезата само одјавуваат кон зајдисонцето и тоа е тоа? Секогаш сте сакале да ја дознаете остатокот од приказната- после сѐ, сигурно работите не завршуваат по склучување на брак? Плус, целта „среќни до крајот на животот“ секогаш ве терало на проѕевање, уште како дете.
2. Да се направи- листата
Имате голема листа на работи кои би сакале да ги направите во следните неколку години, а дури ниту една од нив не е поврзана со љубовна врска. Всушност, има толку прекрасни работи на вашата листа што не ни чусвувате потреба да ви биде приоритет љубовна врска. Многу повеќе преферирате да патувате, или да започнете некој одличен проект кој планирате да го правите со години. Исто така чуствувате за да се постигнат сите работи од листата, вам веројатно ви е подобро што не сте во врска.
3. Не е толку фино
Сте биле во врска со момче или девојка од вашите соништа, но сепак завршило со раскинување. Зошто? Затоа што едноставно не сте биле подготвени да се посветите на сериозна врска, и до што би можело да доведе тоа. Иако тие биле совршено прекрасни, знаевте дека ќе било само прашање на време кога ќе почнале да очекуваат повеќе од вас. А тоа „повеќе“ е она што не можете да им го понудите.
4. Венчани… за вашата кариера
Брак? Вие сте веќе во брак… со вашата кариера! Луѓето можеби ви го велата ова во вид на шега, но вистината е, вие навистина сте повеќе посветени на својата кариера отколку што можете да бидете на друго човечко суштество- барем во овој период од животот! Со долгите часови и вложениот напор во својата работа, вие немате ни време, или пак чуствувате потреба за врска, а камо ли брак.
5. Посегнувате по кантата
Не можете а да не изгубите малку верба во човештвото секој пат кога ќе погледнете романтична комедија, која се врти околу совршено способен човек кој го посветува својот живот во барањето на „вистинскиот/та“. Тие излгедаат како да имаат сѐ, освен љубов и брак, и вие го наоѓате тој нивен „поход по вистинскиот/та“ дека е доста патетичен. Можеби вашата најдобра пријателка се разнежнува на машкиот лик од филмот кој се бори да ја најде својата вистинска љубов, но вие само сакате да посегнете по кантата.
6. Јадете сами
Многу луѓе се чини дека се вознемируваат ако треба јадат сами, но тоа всушност на вас ви стана една од омилените активности. Имате спомени од поминувајќи часови во вашиот омилен ресторани или кафуле, завршувајќи го оброкот и уживајќи во последните неколку подглавја од книгата. Не се чуствувате како социјално отфрлен само затоа што уживате во своето кафе или во убавата вечера сами. Всушност, вие секој момент поминат насамо го сметате за екстремно релаксирачко искуство, без разлика дали тоа е седејќи надвор или одејќи на попладневна прошетка.
7. Свадбена забава
Секој пат кога присуствувате на нечија свадба, наоѓате мала група на луѓе кои се исти како вас- немаат партнер или се во брзање да се врзат за некого. Го поминувате целиот прием пиејќи со тие луѓе, а потоа се смеете на оние кои ја сфаќаат свадбата толку сериозно. По настанот, се чусвувате освежени од знаењето дека не сте единствениот човек кој не е подготвен за брак. На здравје за тоа.
8. Љубовта кон себе= поважна
Можете да именувате толку многу работи кои ги сакате кај себеси, кои немаат ништо поврзано со вашиот љубовен статус. Ја разбирате важноста да се биде навистина среќен со себе, и фактот дека ниту едно друго лице не треба да биде одговорно за нечија друга среќа и вредност. Си мислите, дали некој друг може вака да се чусвува. Да се биде удобно во своја кожа е многу поважно за вас отколку да се „смири“ со друга личност.
9. Простор за напредување
Се чуствувате дека вистината е и да сакате да се венчате, сега не е вистинското време затоа што сакате да си го подобрите животот малку повеќе пред да направите толку голема одлука. Можеби сакате да имате поуспешна кариера или посигурна работа. Или можеби уште поважно, чуствувате потреба навистина да се запознаете себеси пред да се обврзете со некоја друга личност. Покрај тоа, тука е таа масивна листа за правење која треба да ја завршите…
10. Ти реков!
Секој пат кога ќе чуете некој што го знаете дека стапил во брак, не можете а да не се сомневате дека разводот не е далеку од хоризонтот. Можеби некои од брачните двојки кои ги познавате завршиле со развод, или пак поминуваат низ тежок период. Со толку висок степен на разводи овие денови, се чусвувате дека сте само реални со тоа што сте скептични за значењето на „среќни до крајот на животот“… Сепак, овие фрази секогаш ве терале на зевање.