Во просек мажите рчат многу повеќе од жените. Веројатно тие не би ни знаеле дека рчат кога би спиеле сами.
Сеапк, ако рчите, постојат ситници кои би требало да ги промените, за да го олеснете дишењето и на вашиот партнер/партнерка да му посакате добра ноќ до утрото.
Исхрана
Дали сте знаеле дека една од главните причини за рчењето е прекоумерената тежина. Ова би можело да биде едноставно решение, променете го начинот на исхрана, за да ги изгубите вишокот килограми.
Променете ги перницата и положбата
За да спречите рчење потребно е пред се да ги ослободите дишните патишта, а тоа ќе го постигнете ако чежите правилно и нормално ако имате перница која ви одговара. Обидете се да спиете на страна, а не на грб.
Престанете да пушите
Пушењето предизвикува воспалување на грлото и суша, па големи се шансите да рчите доколку сте пушач. Ем партнерот среќен, ем вашето тело благодарно. Почнете уште од денеска.