Оние кои не ја обожаваат својата боја на очи и сакаат да ја променат, веќе ќе можат да го сторат за само 15 минути.
Ова е можно благодарение на вештачки имплант , кој се става на окото.
Не е тајна дека луѓето со кафеави очи сакаат да имаат сини, а оние со сини сонуваат за кафеави или зелени. Досега можвте да го постигнете ова само со обоени леќи , кои имаат доста ризици.
Првиот недостаток е дека ефектот е минлив и кога треба да ја извадите леќата, останувате со природната боја на окото. Од друга страна, пак, лекарите тврдат дека вештачката леќа е штетна за здравјето.
Но сега можете да го решите проблемот со лесна операција, која трае околу 15 минути. Значи промената на бојата на очите трае колку една пауза за ручек.
Засега операцијата се врши само во САД , но хирурзите веруваат дека пренесувањето нејзиниот во Европа е само прашање на време.
Ние сметаме дека оваа операција е бизарна и навистина нема потреба некој да се изложува на ваков зафат. Што мислите вие. Би легнале ли во салата, за да ја добиете посакуваната боја?