Знаци дека жената ве изневерува

Неверната жена е ноќен кошмар кој прогонува голем број мажи. И самата помисла дека вашата жена прегрнува некој друг предизвикува голема мачнина. Затоа е важно да умеете да ги препознаете знаците.
Не значи дека е секогаш така, но наглите промени во однесувањето се можен знак за неверство.

 1. Веќе не е толку благодарна

Одеднаш не сте и потребни како претходно. На пример, ако ве консултирала често или сте и биле потребен за многу нешта, но  одеднаш е премногу самостојна, запрашајте се што е причина за тие промени. Сепак, немојте да бидете параноични, можеби постои некое едноставно објаснување, но вреди да размислите.

koi-se-najchestite-prichini-za-neverstvo-112395

2. Не можете да ја налутите

Претходно се лутела често и не сте можеле за некои работи да најдете заеднички јазик, но одеднаш ништо не ја лути. Рамнодушноста кај жените е опасна појава. Можеби навистина научила да го контролира бесот, но внимавајте да не е ова знак дека пронашла нова страст.

3. Премногу е таинствена

Повеќе не ви раскажува детали од нејзиното секојдневние. За да дознаете како го поминува времето, посегнувате по нејзиниот телефон. Во последно време се помалку има што да каже.

Catch-Cheating-Wife

4. Нападот и е најдобра одбрана

Кога ќе ја прашате нешто, одеднаш вие сте на тапет. И поставувате  некое безизлезно прашање, па таа веднаш се вознемирува и ве напаѓа.

5. Одеднаш е претерано внимателна

Претходно не било така, но сега е полна со внимание. Ви говори дека ве сака и ви прави многу услуги кои претходно не би и паднале на памет. Можеби сето тоа го прави поради грижа на совеста?

 

- Реклама -