Доколку се уште немате купено празничен венец кој ќе го краси вашиот дом или вашата надворешна врата, ние ви предлагаме да си направите сами.
Се што ви е потребно се една обична метална закачалка, стари лампиони, украсна трака и клешти. Секако, вашето трпение и креативност се пресудни во крајниот резултат, па доколку ви се допаѓа овој несекојдневен украс кој го гледате погоре, внимателно изгледајте го и видеото.
Прекрасниот шарен венец ќе ви биде готов за само 15-тина минути, а вашиот дом ќе заблеска со божиќна атмосфера која допрва ни претстои.
[youtube]http://youtu.be/cyRoOmZZ2wA[/youtube]