Вчера на граничниот премин Богородица вчера бил приведен пејачот Владимир Поп Христов, братот на актерот Кирил Поп Христров – Кили, при обид од соседна Грција да влезе во Македонија, потврди денеска МВР.
На Владимир Поп Христов му беше одредена мерка притвор во отсуство, за одгледување и производство марихуана, дело кое според обвинителството го сторил заедно со неговиот брат, актерот Кирил Поп Христов кој е осуден на една година затвор за ова кривично дело.
Полицијата го предала на судската власт за да се преземат понатамошни мерки.