Несекојдневен природен феномен – Леден диск ротира на површината на река (видео)

На 23-ти ноември, додека бил на лов на реката Шејен во Северна Дакота – САД, Џорџ Логеринг видел џиновски, ротирачки леден кружен диск како плови по површината на водата. Дискот со дијаметар од 17 метри, се вртел на водата како грамофонска плоча на грамофон, како што опишува тој.

Но, ова немам никаква врска со вонземјани, како што можеби ќе прочитате на некои други катчиња на Интернет – едноставно, се работи за природен феномен, кој не толку ретко се појавува кај истечните води во студени климатски услови. Слични дискови се снимени и во Канада, Англија и Шведска.

Постои изобилство од теории што го објаснуваат феноменот. Метеоролозите од National Weather Service сметаат дека дискот настанува поради студениот и густ воздух кој полека ја смрзнува површината на водата во мали делчиња мраз. Потоа овие минијатурни санти се фатени во вртлог, што доведува до нивно соединување и формирање на дискот, на кој сосема лесно можат да се забележат прстенести слоеви од мразот, налик на оние кај напречниот пресек на дрвата.

- Реклама -