Чудовиште: Погледнете како децата го гледаат родителот ако е алкохоличар

Финската организација под името „Кревко детство“ на интернет страната Lasinen Lapsuus објави видео-снимка која прикажува како децата ги гледаат родителите кои конзумираат алкохол.Видеото прикажува деца кои преплашено гледаат во нешто, а покасно открива како гледаат „чудовита“ – страшни и мрачни, налик на страшен зајак, зомби, застрашувачки Дедо Мраз или кловн.

Токму така децата ги гледаат родителите кои имаат проблем со алкохол.

Организацијата „кревко детство’ е основана уште во 1986. година во Финска и од тогаш функционира  како една од најпознатите организации од тој вид, а целта им е да ги охрабрат луѓето анонимно да присуствуваат во дискусии и да ги споделат своите размислувања за штетното влијание на родителите алкохоличари врз децата.

Прочитајте и:  Истражување: Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот штити од дијабетес и висок крвен притисок подоцна

Тие, истотака сакаат да укажат и на фактот дека родителите кои пијат можат да им нанесат на своите деца поголема штета од она што мислат дека е возможно.

- Реклама -