Воздухот што го дишиме во Скопје

Овие фотографии ни ги испрати наша читателка, а како што вели таа, истите се направени минатата седмица од Скопска Црна Гора – панорамски поглед кон Бутел.

Она што е страшното кај  фотографиите е тоа што се реализирани во утринските часови кога времето во скопската општина било навидум  ведро, иако црните облаци кои се гледаат од височините на планината  не насочуваат да го помислиме спротивното. Сепак, со оглед на последните извештаи според кои Скопје и Тетово се најзагадените градови во Европа, веднаш зад Сараево, можеби навистина не знаеме што дишиме?!

vozduh1

 

 

- Реклама -