Ветераните си одат од Милан

Трендот на заминување на искусните фудбалери од таборот на Милан продолжува откако Марк ван Бомел им се приклучи на Кларенс Сидорф и на Алесандро Неста на листата на играчи што летово ќе си заминат од таборот на италијанскиот фудбалски гигант.

Холандскиот ветеран беше стандарден првотимец во поголемиот дел од натпреварите оваа сезона, но сепак реши да не ја прифати скромната понуда за продолжување на соработката со „Росонерите“. Наместо тоа, Ван Бомел ќе се врати во татковината и ќе потпише двогодишен договор со ПСВ Ајндховен, тим каде што искусниот холандски играч за врска најверојатно и ќе ја заврши својата богата кариера.

Милан веќе ги договори трансферите на Рикардо Монтоливо од Фиорентина и на Траоре од Нанси, кои што би требало да го освежат средниот ред на овој тим за следната сезона. Сè уште е неизвесно дали „росонерите“ ќе го откупат договорот на Алберто Аквилани со Ливерпул, или пак ќе се откажат од намерата да го ангажирааат поранешниот член на Рома и Јувентус во своите редови.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -