Љубомората се јавува во секоја врска, и како што велат, малку љубомора е дури и пожелна. Но не секогаш и не секој знае да се справи со тоа „црвче“ , а таа знае да биде и штетна за врската ако се надминат нормалните граници. Ви даваме совети за како полено да се справите со љубомората и да не излезете од таа нормална зона.
#1 Запомнете дека тој/таа е со вас
Која е разликата помеѓу вас и лицето на кое сте љубоморни? Вие сте во врска со вашиот парнер а другата личност не е! Запомнете дека ја имате предноста и уживајте во вашата врска, наместо да допуштите вашите денови да се расипуваат.
#2 Чуствата нека бидат познати
Ако се чуствувате малку љубоморно, дајте му до знаење на вашиот партнер. Ако се чуствувате дека некој колега/колешка или пријател/ка делува удобно и се доближува повеќе од доволно, продискутирајте го тоа со вашиот парнер на мирен начин. Големи се шансите дека не се ни свесни дека другото лице ви здодева.
#3 Не се лутите
Љубомората и гневот обично одат рака под рака. За жал, лошиот темперамент навистина може да ги зголеми чуствата на љубомора и несигурност. Ќе ви го замати умот, како голем облак, и ќе предизвика да кажете или направите работи за кои подоцна ќе жалите, ако не бидете внимателни.
#4 Преточете го во нешто позитивно
Љубомората не мора да биде неопходно лоша работа. Во ред е да се грижиш толку многу за некого што го сакате само за себе. Само запомнете да го преточите во нешто позитивно, како потцетник дека сте среќни што сте со него/неа отколку да чуствувате закана.
#5 Не станувајте посесивни
Еден од нашите природни инстинкти е да се стане посесивен на работите (во овој случај луѓето) кои ги сакаме. Ова можеби може да работи со предмети, но вашиот партнер е живо суштество, личност со свои чуства. Тие ја заслужуваат вашата љубов и почит, но да се биде посесивен и барајќи премногу од нив може да делува грубо и болно.
#6 Разберете како влијаете на другите
Секогаш кога имаме силна емоција, тоа обично го менува начинот на кој се однесуваме. Можеби ќе станете повеќе циничен или можеби ќе се најдете себеси велејќи работи кои не ги мислите. Ако сте забележале дека имате негативен ефект врз другите луѓе (особено на оние кои се блиски на вашиот партнер), тогаш сфатете дека вашиот проблем можеби треба да се поправи.
#7 Бидете сигурни
Една од најголемите причинители за љубомора е стравот дека не си доволно добар. Не дозволувајте вашата самодоверба да го промени начинот на кој пристапувате на вашата врска. Ако се чуствувате несигурно за вашиот изглед тогаш подобрете ја грижата за себе и правете го она што може да биде најдобро за вас.
#8 Не правете споредби
Вие никогаш не би го споредиле вашиот партнер со некој друг во негативно светло, тогаш зошто тоа да го правите на себе? Секогаш ќе постои некој со подобар изглед, посилен, попаметен, помлад, побогат или повеќе талентиран од вас, но тоа не дискредитира ништо што вие го имате да го понудите на овој свет. Нашите разлики се она што нѐ прави посебни и вашиот пратнер е со вас бидејќи знае колку навистина сте посебни.
#9 Не поставувајте барања
Понекогаш тоа чуство може да не совладе и ние да зборуваме работи кои само ќе ги влошат работите. Важно е да се биде отворен и искрен со својот партнер, но исто така не заборавајте да го правите тоа со љубов и трпение. Ако вашиот партнер поминувал време со некој што вас ве тера да се чуствувате неудобно, не заканувајте се, и не барајте да ја прекинат нивната комуникација. Изработете начини со кои на никого нема да наштетите и сите ќе бидат среќни.
#10 Побарајте помош за да се ослободите
Нема да ја подобрите врската допуштајќи ова да стане проблем. Нема да биде лесно да се оттргнете од овие чуства, особено ако биле предизвикани од проблеми од минати врски, но ќе морате. Побарајте помош од некој ваш близок пријател за да зборувате за проблемот и вашата несигурност, и научете да се ослободите од тоа чуство.
#11 Проверете како се чуствуваат
Вашиот партнер можеби е љубоморен само од начинот на кој се однесувате околу другите луѓе. Зборувајте со него и прашајте го дали се чуствува удобно со сите кои ги знаете. Компромисот и разговорот за несигурноста може и на двајцата да ви помогне и резултатот ќе биде поздрава и посреќна врска.
#12 Не шпионирајте
Повеќете парови доброволно ги делат повеќето нешта, но и двајцата треба да ја почитувате приватноста на другиот. Немојте никогаш да пребарувате и чепкате во работите на вашиот партнер без нивна дозвола. Тие ја заслужуваат вашата доверба, па ако сте фатени како шпионирате ќе морате да се оправдате некако.
#13 Најдете ги корените на проблемот
Дали вашиот поранешен партнер ве лажел? Можеби сте имале лошо искуство во минатото. Што и да е причината што ве прави толку ирационални и љубоморни, си го должите одговорот на себе и на вашиот партнер, за да не се повтори и да се исправи.