Дали познатиот пејач и пливач се новиот љубовен пар? За 500 илјади долари ќе дознате!

Пејачот Рики Мартин ја раскина долгогодишната врска со партнерот Карлос Гонзалес Абел со кој има и две деца, а медиумите веќе го поврзуваат со друг.
Од вчера кружат гласини дека Рики Мартин и австралискиот пливач Јан Торп се новиот љубовен пар.

Screenshot_6

Така барем тврди водителот Питер Форд, кој набрзина го објавил тоа на својот Твитер.

Рики и Јан, како што се очекува, ќе го известат светот во еден магазин.

Screenshot_5

„Среќни времиња за Рики Мартин и Јан Торп, се подготвуваат да ја кажат вистината на светот!“

Screenshot_2

Јан Торп би требало да даде изјава, за сега непознат магазин, за себе и за својот познат дечко и тоа за хонорар од 500 илјади долари.

Screenshot_7

Ова не е прв пат медиумите да ги поврзат пејачот и пливачот. Откако Јан излегол пред јавноста и отворено проговорил за својата сексуална ориентација, Рики преку Твитер му испратил порака на поддршка.

Screenshot_3

Фактот дека латино ѕвездата поминува многу време во Австралија е уште една од причините за „загревање“ на овие приказни.

Screenshot_8

 

- Реклама -