Дури и да го мразите вкусот на кељот, можете да уживате во бенефитите од оваа „супер-храна“ во форма на чипс.
Можеби низ нашите страници налетавте на него и претходно, но најновите „истражувања“ (метод на обиди и грешки) покажуваат дека печењето на кељот во микробранова е уште подобар начин за спремање на чипсот, отколку печењето во рерна. На овој начин, листовите остануваат крцкави подолго и се печат порамномерно, барем според ова видео од America’s Test Kitchen, кое ќе ве убеди колку лесно и брзо се прави овој необичен чипс.