Ако планирате со преуредување во домот или една просторија, ќе ви помогнат овие неколку корисни совети од реномирани дизајнери.
Натрупување на работи во просторија
Добро уредените простории немаат вишок работи. Повеќето луѓе имаат тенденција со години да купуваат и собираат нови ситници, но не ги поместуваат старите и тоа создава проблеми. Поминете низ дневната соба и приметите колку слики, свеќи, фотографии и слични спомени имате на полиците и ѕидовите. Сличните работи групирајте ги на едно место за собата да делува помалку натрупано и поелегантно.
Мебел кој одговара
Луѓето исто така избираат мебел кој не одговара со просторијата. При изборот на мебел важно е гарнитурата и столиците да бидат во приближно иста боја и текстура. Висината е многу важна, па треба да се внимава фотељата и троседот да не отстапуваат една од друга.
Премногу тапети
Тапетите се одличен додаток во скоро секоја просторија, но дизајнерите предупредуваат дека луѓето трошат премногу пари на нив, бидејќи мислат дека треба да ги покријат сите ѕидови во собата. Понекогаш е доволно да се украси само еден ѕид и тоа ќе има поголем ефект отколку да се покрие со тапети целата соба. На пример, во спалната соба тапети можете да ставите позади креветот.
Усогласување со екстериерот
Ако некако можете да го поврзете ентериерот и екстериерот, вие секогаш ќе имате уште поубав и поудобен дом. Просторот никако не смеете да го пренатрупувате со мебел. Кога почнувате со уредување од нула, прво треба да се распрешате за архитетското поднебје во кое живеете, советуваат дизајнерите.
Мешање на текстури и модели
Боите, моделите и текстурите многу лесно се поврзуваат иако многумина мислат дека сѐ треба да биде од ист материјал или нијанса. Да ги решите овие проблеми, имајте ги на ум следниве работи: кога опремувате просторијата размислувајте на начин на кој одбирате облека за искачање и сите ткаенини и бои одговараат совршено едни со други, иако се различни.
Купување сѐ одеднаш
Колку и да сакате, ниедна просторија неможете да ја опремите одеднаш. Прифатете го фактот дека тоа е подолготраен процес и ќе најдете попатно многу работи, кога најмалку очекувате.