Конечно малку детали за приказната во Warcraft филмот

Режисерот на филмот Данкан Џонс, вчета на Blizzcon ги објави првите детали за приказната во Warcraft.

Вчера на Blizzcon се одржа панел посветен на филмот за Warcraft. На панелот учествуваа режисерот на филмот Данкан Џонс, супервизорот за визуелни ефекти Бил Вестенхофер и Роб Пардо, Крис Метзер и Ник Карпентер од Blizzard.

Приказната во филмот ќе се фокусира на првиот контакт помеѓу Орките и Луѓето, а главни протагонисти ќе бидат карактерите од Warcraft 2, Lothar и Durotan.

Според режисерот Џонс приказната подеднакво ќе се фокусира и на Орките и Луѓето. Идејата е да се претстават Орките како во игрите, а не како обични чудовишта.

„Ќе имате симпатии кон хероите на Орките и ситуацијата во која се наоѓаат, лесно ќе ги разберете нивните постапки“ изјави Џонс. На ова се надоврза Крис Метзер кој истакна дека филмот му дава шанса на Blizzard  да ја прераскаже славната приказна и додаде дека Durotan ќе ги претставува воините на Орките во вистинско светло како храбри и горди воини.

Настаните во филмот ќе се одвиваат на добро познати локации за фановите на Warcraft: Draenor, Dalaran, Stormwind и Ironforge. Филмот ќе биде направен дел со снимки во живо, дел со CGI анимации. За главните карактери исто како кај Луѓето и кај Орките ќе се користат вистински актери.

На прашањето за тоа дали се познати актерите Џонс одговори – „Да, секако. Тие кои се добро запознаени со приказната ќе знаат дека таа дава одлична можност за силни женски водечки карактери“.

Филмот ќе започне со снимање на почетокот од 2014, а премиерата треба да ја има во декември 2015 година.

Tekстот е објавен во соработка со Mk.kod

- Реклама -