Една од најголемите непријатности за секој човек претставува лошиот здив. Причини за ваквата појава има многу, но за среќа, природата ни има понудено бројни сојузници кои помагаат при елиминирањето на овој проблем, со само неколку голтки. Ние ви прикажуваме еден едноставен рецепт кој откога ќе го пробате, ќе се изненадите од неговата ефективност.
Состојки:
1 лимон
1/2 лажичка цимет
2 дланки спанаќ
1 свеж магдонос
0,5 dcl вода
Подготовка:
Добро измијте го спанаќот и листовите магдонос, ставете ги во блендер, додадете го свежо исцедениот сок од лимонот и топлата вода. Се добро иситнете и на крајот додадете цимет и мед. Пијте го наутро на празен стомак.
Совет:
Овој моќен напиток чувајте го во фрижидер и освен наутро пред појадокот, можете да го користите и три часа после јадењето.