Охриѓанецот Сали Салиески, кој живее и работи во Холандија ќе ја претставува Република Македонија и го носи македонското знаме на отворањето на Њујоршки маратон 2013 на 01 ноември 2013 година. Њујоршкиот маратон е вистински спектакл, еден од најголемите во светот и привлекува професионални маратонци и аматери од целиот свет. На овогодишниот маратон низ улиците на Њујорк ќе протрчаат 47.000 учесници.
31 годишниот Македонец се чувствува почестен што е избран на маратонот. „Се надевам дека моето учество ќе ги инспирира моите сограѓани да ги стават патиките за трчање и да се пријават на маратонот во Охрид идното лето, во 2014.
Преку донирање на пари за добротворни цели, Сали собира пари за промовирање на трчањето и здрав начин на живот во Македонија. На 3 ноември тој ќе го почне 42 километарскиот маратон во 10:40 часот по локално време. Се надева да ја заврши трката за 4 часа и 15 минути.
Церемонијата на отворањето може да се следи во живо на 7online.com во 5:30 часот по локално време.