Индискиот празник на светлината и храната во Пикок

Парче од индиската фестивалска традиција ќе можат да искусат и скопјани за време на неделното бифе во ресторанот Пикок. Големиот индиски празник Дивали, познат како фестивал на светлината во Пикок ќе биде прославен автентично со сите бои, шаренила и веселост.

Дивали е официјален празник во Индија. За Индусите е еден од најважните празници, а семејствата го прославуваат со традиционални обреди во сопствените домови. Се прославува помеѓу средината на октомври и средината на ноември.

„За време на празникот Дивали се подготвува и посебно мени. Затоа еден месец пред почетокот на фестивалот, жени, особено мајки, се собираат заедно да ги направат сите важни Дивали закуски. Најмногу cе јадат колачиња познати како Mithai. Овие колачиња најмногу ја доловуваат индиската кулинарска вештина“ вели Сонали Семвал, менаџер на ресторанот Пикок.

Името Дивали е изведено од “deepavali” што значи „ред на светилки“.

Затоа Дивали се прославува со осветлување на мали глинени лампи исполнети со масло за да се означи триумфот на доброто над злото. Овие светилки се чуваат во текот на ноќта, а домовите се чистат со цел божицата Лакшми да се чувствува добредојдена. Се прави голем огномет со кој се верува дека се бркаат злите духови. Во текот на Дивали, сите славеници носат нова облека и споделуваат слатки и грицки со членови на семејството и пријателите.

Дивали е жив, шарен, весел фестивал кој најмногу се изразува преку храната. Тогаш готвачите ја истражуваат својата креативност и инвентивност во светот на вкусовите.

„Единственото место за да се почувствува барем дел од овој весел празник е традиционалниот индиски ресторан Пикок кој веќе е подготвен за прославување на Дивали а шефовите на кујната го составија богатото празнично неделно бифе мени, со вкусна и несекојдневна храна“ додаде Семвал.

- Реклама -