6 привилегии што ги имаат само жените

Постојат некои работи што може да ги прават два пола, но жените имаат неколку привилегии кои се наменети исклучиво за нив.

1.Жените може да носат машка облека

Некогаш панталоните беа само за мажите, но понежниот пол се избори жена во панталони да биде општествено прифатлива појава.

2. Една жена на друга може да и каже дека е секси

На жените им е дозволено меѓусебно да си делат комплименти, па воопшто не е чудно кога една на друга ќе си кажат дека се секси, згодни, убави.

two-women-dancing-and-laughing

3. Жените може да играат заедно

Да видите две или повеќе жени како играат е најнормална работа, но да видите двајца или повеќе мажи како заедно се движат по ритамот на музиката е малку чудно.

4. Жените може да ги нарекуваат мажите со погрдни имиња

Ако жената каже „сите мажи се гадови“ никој нема да трепне, а ако маж каже „сите жени се расипани“ веднаш ќе биде прогласен за сексист.

5. Жената може да допира друга жена во јавност

Жените може да се прегрнуваат, да се држат за раце и да се бакнат во образ без никаков проблем, додека во случај тоа да го прават мажите, предрасудите започнуваат веднаш.

M

6. Жените можат да носат шминка

Мажи со шминка воопшто не изгледаат привлечно.

- Реклама -