Twitter со редизајн на сите платформи како Instagram – визуелизација со слики и Vine видеа

Twitter пушти нови надоградени верзии на своите iOS и Android апликации, заедно со нов изглед на веб. Ги прошири прегледите на слики, а важи за фотогравии, видеа и Vine постови.

Исто така овозможува полесно твитање, одговарање и означување на ревитови за омилени, со поставување на копчињата директно под твитовите (досега беа достапни на долго притискање за пристап).

Сега наместо да кликате за да видите некоја прикачена фотографија или Vine видео, преглед на истите ќе биде достапен во текот на твитовите. Еве како изгледа:

Оваа промена е значителна за Twitter. Компанијата се движи стабилно во правец од тек на информации преполнети со текст кон мултимедијално искуство со побогат изглед. Сепак многу од корисниците кои го користат само за брзо да дојдат до новости се вознемирени од овие промени, додека пак е доста привлечен за огласувачи.

Истите можете да ги исклучите во прилагодувањата на апликациите со деселектирање на Image Previews табот.

Sensitive-content-warning twitter

На веб, исклучувањето не е достапно, но можете да го промените прикажувањето на “Sensitive” медиуми во прилагодувањата.

2

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -