LG G Flex – Првиот вистински заоблен смартфон

LG малку задоцни со промоцијата на LG G Flex, откако Samsung го претрка конкурентот со нивниот Samsung Galaxy Round, но LG тврди дека ова е вистинскиот начин за искористување на новата технологија која овозможува флексибилни и заоблени екрани, па да видиме што има да понуди овој смартфон.

LG-G Flex 2

LG G Flex има OLED екран со големина од 6 инчи и HD резолуција со 720p и истиот има хоризонтална закривеност, за разлика од Samsung Galaxy Round кој е заоблен во внатрешноста. Целта на LG при овој дизајн е да се направи смартфон кој многу поприродно ќе се користи до самото уво, овозможувајќи висока ергономичност.

LG-G Flex 3

Флексибилниот екран има и свои функции, па така со допир на различни мета се отклучуваат различни апликации и сервиси, а исто така посветено е големо внимание на издржливоста на екранот и задната прекривка која е отпорна на гребаници и оштетувања.

LG-G Flex 4

LG G Flex работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.3 GHz комбиниран со 2GB RAM, издржлива батерија со капацитет од 3500 mAh и квалитетна 13 мегапикселна камера. Заоблениот смартфон ќе влезе во продажба од наредниот месец во Јуижна Кореја, а детали за цената и меѓународната промоција сеуште не се откриени.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -