Додека сите се фокусирана на промоцијата на смартфонот на Google Nexus 5 која за жал се одложи, вниманието ни го привлече можеби првата слика од новиот таблет Nexus 10 едиција 2013-та кој оваа година ќе биде изработен од Asus наместо Samsung.
Долго време не сме добиле нова информација за втората генерација на одличниот таблет со големина на екранот од 10 инчи, па ова повторно ги подгрева надежите дека можеби Google ќе одржи двојна промоција на смартофонот Nexus 5 заедно со таблетот Nexus 10.
Од првата слика може да се забележи многу попривлечен дизајн на Asus за разлика од Samsung кој кај претходниот Nexus 10 немаше многу позитивни коментари, па затоа и беше сменет од Google. За сега нема да шпекулираме со можните спецификации иако сигурно очекуваме HD резолуција на екранот, потоа употреба на понов и побрз четир-јадрен процес, како и поиздржлива батерија, па доколку Google се реши да не изненади овие денови и го прикаже Nexus 10 заедно со смартфонот Nexus 5 не би имале ништо против.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk